Битолчанката Ајтен Алиеска освои прво место на Интернационалниот Golden hair Festival во Анталија: „За секоја жена е важен изгледот“
„За да бидете успешни, првото нешто што треба да го направите е да се заљубите во вашата работа“, вели Ајтен Алиеска oд Битола која ја претставуваше Македонија на светското првенство за фризери во Анталија.
Оттаму, Ајтен се врати со пехар во раце. Ајтен освои ПРВО МЕСТО од сите земји за свечена фризура на Интернационалниот Golden hair Festival во Анталија. Браво.
Ајтен има сопствено физерско студио веќе 15 години, а добивала признание за најуспешен Битолчанец два пати.
Досега има учествувано во многу натпревари и семинари во Бугарија, Србија, Италија, Албанија, Турција, Австралија, Грција. Има освоено прво место на Балканско ниво, но последното натпреварување и донесе награда од светски рамки.
„Имавме многу учесници од Македонија каде што исто мои колеги добија прво место за шишање и авангард фризура. Ова ми беше најубаво чувство досега бидејќи беше на светско ниво оценувано од светски познати фризери“ - вели Ајтен.
Оваа 38 годишна мајка вели дека за секоја жена е важен изгледот.
„За да бидете успешни, првото нешто што треба да го направите е да се заљубите во вашата работа . Јас сум заљубена во мојата работа и давам сѐ од себе за да продолжам да носам нови трендови во мојата Македонија“, додава Ајтен.
Нашата соговорничка вели дека нема многу слободно време, а кога има најчесто го поминува со нејзините ќерки.
Ирена Ставрова