Битолска млекара со нова финансиска помош за Министерството за здравство

Добивај вести на Viber

Битолска млекара повторно излезе пресрет на Министерството за здравство и обезбеди финансиска помош за сервисирање и репарација на апаратите за респираторна нега кои се користат на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Ист тип донација за Клиниката на која се лекуваат најголем број пациенти заболени од вирусот Ковид-19, млекарата обезбеди и претходно, на почетокот на овој месец.

„Многу е важно медицинската опрема со која веќе располагаме како држава да биде во исправна состојба и во нормална функција. Токму затоа, согласно потребите на Министерството за здравство, се одлучивме повторно за ваков вид донација, за да може персоналот на Клиниката, кој секојдневно се бори за спасување човечки животи, да има опрема со која ќе продолжи со непречено пружање соодветна медицинска нега. Искрено се надеваме дека со ова ќе помогнеме да се спасат што повеќе заболени пациенти кои се лекуваат на Инфективната клиника “, велат од Бимилк.

Млекара Битола претходно донираше финансиски средства и за Клиничката болница Битола за набавка на два пациент монитори кои беа неопходни за болницата во која, исто така, се лекува значителен број пациенти заболени од Ковид-19.

Компанијата, исто така, обезбеди и помош во производи за најранливите групи граѓани, доставена преку Црвениот Крст Битола. За граѓаните од регионите на Дебар и Центар Жупа, во најкритичните моменти кога беа во целосна изолација, беше испратена донација од 3 илјади литри јогурт.

Битолска млекара беше и меѓу првите која одговори на апелот на Министерството за финансии и изврши предвремено плаќање на вкупните аконтативни обврски за данок на добивка за тековната 2020 година во висина од 15 милиони денари, со цел да помогне за ликвидноста на државниот буџет и за реализација на мерките кои ги спроведува државата за ублажување на последиците од пандемијата со Ковид-19.