Битолските образовни центри ги применуваат знаењата стекнати на НТЦ семинарот кој го организираше Бимилк

Како продолжеток на ефектите од одржувањето на НТЦ семинарот што го организираше Битолска млекара, локалните едукативни институции и центри веќе ги применуваат техниките и методите за поттикнување на развојот на децата во својата секојдневна практика. На овој семинар претставници од образованите институции во Битола, воспитувачи, педагози, психолози и дефектолози, директно од д-р Ранко Рајовиќ учеа како различни активности и игри за деца, кои се базираат на сознанија за развојот и работата на мозокот, позитивно влијаат и може да го поттикнат развојот на интелектуалните способности кога тоа е најважно, во периодот на најинтензивен раст и развој.

Едукативниот центар за стимулација и едукација на деца „Абракадабра“, којшто е  ориентиран кон сеопфатен развој  на децата од најраното детство, е една од присутните образовни установи кои го следеа семинарот и каде започна примената на техниките и методите презентирани на семинарот.

„Кај нас целосно се поддржува моќта на пристапот „Учење преку игра“ во која детето ги развива своите потенцијали и способности во согласност со внатрешниот развоен ритам и во партнерство со семејството. Секогаш фокусот ни е во почитување на индивидуалните потреби и способности на децата. Почитувањето на различностите, стимулацијата во раниот детски развој и поттикнувањето на јаките страни кај детето, е нашата визија која секојдневно ја следиме. Професионалниот напредок како едукатор и рехабилитатор е неизбежен во оваа работа, бидејќи секоја генерација има свои индивидуалности и новости кои треба внимателно да се следат за да може да се даде својот максимум како професионалец. Настанот што го одбележа „Светскиот ден на семејството“ со д-р Ранко Рајовиќ, организиран од Бимилк, беше едно искуство кое како професионалец кој што ги следи истражувањата и работата на  „НТЦ системот на учење“, ми овозможи да воведам новитети во секојдневната работа со децата и дополнителни алатки кои го стимулираат учењето секако преку игра. Детето кога е во иновативна, негувачка и стимулативна средина, каде што се развиваат независност, самодоверба и позитивно чувство за себе и за светот околу нив, тоа е среќно и задоволно, и секако се изградува во таква личност“, вели Наташа Јанчевска, специјален едукатор и рехабилитатор во едукативниот центар Абракадабра.

На семинарот, освен претставници од образованите институции во Битола, воспитувачи, педагози, психолози и дефектолози, беа присутни и вработените кои се родители, што според Бимилк е клучно за воспоставување на мрежа на соработка и интеракција за што подобар и целисходен пристап. 

„Воспоставувањето на баланс меѓу работата и родителството е нешто кое бара многу знаење и вложување и ова треба да биде целта на секоја одговорна компанија, затоа што е клучно во поширок контекст на квалитетно општествено живеење. Подигнување на свеста за образованието, за начинот на воспитување и едуцирање на децата и создавање средини кои го негуваат потенцијалот на новите генерации, како компанија си ја поставивме како цел и обврска, и кон нашите вработени, но и кон целата заедница преку стручната јавност, со цел да предизвикавме пошироко влијание со долгорочни ефекти. Сите ние, пред сѐ како родители, а понатаму и како зрели личности, професионалци, менаџери, целта ни е да создадеме услови за посветла иднина за нашите деца, а тоа започнува со инвестирањето во образованието и во развојот на децата, што започнува во семејството, а продолжува во едукативниот процес.  Токму во тој процес еднакво е значајна улогата и на семејството и на едукаторот, па затоа преку спојување на двата фактори во една заедничка цел, веруваме дека поттикнуваме создавање на интеракција и поддршка посветена на целокупниот развој на децата, отворајќи го патот за просперитетна заедница“, вели Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во Бимилк за мотивите за организирање на овој семинар.

Организирањето на еден ваков семинар од страна на Бимилк беше поттикнато од улогата и значењето на семејството во постигнување на животен баланс и во изградување на среќни и одговорни личности, што потоа се рефлектира во секој дел од општественото живеење. На овој начин, со овозможување едукација за локалната стручна јавност, но и за своите вработени, компанијата ја подига свеста за образованието и воспитувањето на децата, за улогата на семејството во тој процес и за семејните вредности. Ова беше и начинот на кој Бимилк го одбележа „Меѓународниот ден на семејството“.



*пр-објава