Благодарение на најновото партнерство на Httpool со Spotify, брендовите во Македонија конечно ќе можат да им се обратат на љубителите на музиката
Httpool додаде нова возбудлива платформа во своето портфолио и отсега е ексклузивен претставник на Spotify за огласување во Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово. Како најпопуларна глобална музичка платформа Spotify нуди палета на иновативни решенија за огласување, преку кои брендовите можат да допрат до својата високо ангажирана публика од млади, влијателни луѓе и при тоа да го користат растечкиот тренд на слушање на аудио содржини преку интернет.
„Воведувањето на Spotify платформата на нашите пазари претставува дополнително задоволство за нашите корисници. Како што се менуваат навиките на потрошувачите, брендовите треба да најдат соодветен начин да допрат до својата публика и да се поврзат со неа во вистинскиот момент. Звукот нуди лична поврзаност со брендот. Возбудени сме што токму Httpool го поврзува Spotify со огласувачите од сите големини, помагајќи им да го откријат, разберат и искористат целосниот потенцијал на аудио преносот“, рече Jане Бајалџиев, Управител на Httpool Македонија.
Покрај Македонија, локалниот тим на Httpool ќе поддржува и огласувачи во Албанија и Косово.
Spotify нуди различни рекламни формати, вклучувајќи аудио, видео и дисплеј, насекаде и во секој момент од денот. Со помош на “Spotify streaming intelligence” – уникатнен начин на обработка на податоци и увид заснован на однесувањето на корисниците на платформата - огласувачите можат да ги прилагодат своите огласни решенија и пораки во согласност со потребите на корисниците и нивниот начин на размислување во контекст на слушање на содржини.
„Httpool ни е одличен партнер низ цела Европа и уверени сме дека ќе продолжат да го зголемуваат влијанието на Spotify како водечка платформа за огласување и на Балканот“, изјави Рак Пател, Директор за продажба на Spotify за Обединетото Кралство, Европа, Средниот Исток и Африка.
За Httpool
Httpool, како дел од IMS корпорацијата, ги претставува водечките платформи за дигитални медиуми во Европа и Азија. Го поддржува нивниот раст и ги подобрува деловните резултати на огласувачите на 30 пазари. Благодарение на иновативниот сет на технолошки решенија и перформанси, искусните тимови и обемното познавање на пазарот, Httpool им овозможува на огласувачите да се поврзат со својата публика на најефикасен и најефективен начин, постојано максимизирајќи го нивниот поврат на инвестиции.
Водечките медиумски платформи, меѓу кои се Твитер, Фејсбук, Spotify, LinkedIn, Snapchat, Tik Tok, Warner Music, Outbrain, Quora и Brainly го назначија Httpool за свој ексклузивен партнер за продажба на огласи на избрани европски и азиски пазари. Седиштето на Httpool е во Обединетото Кралство, а има канцеларии во Австрија, Швајцарија, Русија, Индија, Хонгконг, Полска, Естонија, Летонија, Литванија, Бугарија, Чешка, Хрватска, Грција, Унгарија, Македонија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шведска, Финска, Данска, Норвешка, Украина, Обединетите Арапски Емирати, Индонезија, Камбоџа, Лаос, Мјанмар, Малезија и Бангладеш. Заедно, IMS и Httpool ексклузивно претставуваат над 20 медиумски платформи во повеќе од 45 земји во светот.
www.httpool.com, www.imscorporate.com
За Spotify
Во 2008 год. со започнување со работата, Spotify го трансформираше начинот на слушање музика и содржина на интернет. Нашата мисија е да го ослободиме потенцијалот на човечката креативност, давајќи им можност на милиони креативни уметници да живеат од својата уметност и милијарди обожаватели да уживаат и да бидат инспирирани од тие креатори. Сè што правиме е водено од нашата љубов кон музиката и поткастите.
Откријте, слушајте и споделувајте над 60 милиони песни, вклучувајќи и преку 1,5 милиони наслови на поткасти, бесплатно, или надградете се во Spotify Premium за пристап до ексклузивни музички опции, вклучувајќи подобрен квалитет на звукот, слушање по барање, офлајн и без реклами.
Денес, ние сме најпопуларниот сервис за претплата на аудио стриминг во светот, со заедница од преку 299 милиони корисници, вклучувајќи 138 милиони претплатници на Spotify Premium, на 92 пазари.