Блесна најголемата ѕвезда во Македонија – знакот на Mercedes, нова атракција во Скопје
Од денеска македонската метропола со нова атракција, знакот на Mercedes е поставен на покривот на зградата на новиот „Премиум “ деловен центар, кој се наоѓа пред салонот на Mercedes; веднаш после мостот „Близнаци“.
Карактеристичниот симбол на Mercedes е поставен од страна на компанијата, офијален претставник на Mercedes-Benz во Македонија, Мак Аутостар, која воедно е и инвеститор на зградата на која се поставува овој знак.
Поради сложененоста на изведбата, изработена е посебна конструкција на покривот на зградата. Инаку, зградата претставува прв премиум деловен центар, каде компаниите ќе може да изнајмат простор за работа и истиот нуди извонредни работни услови и е прв од ваков тип во нашава земја, граден според високи светски стандарди кои овозможуваат премиум услови во работната средина.
Ѕвездата е транспортирана во делови, а процесот на составување кој се одвиваше на самото место, заедно со процесот на поставување се изврши за рекордно кусо време од само два дена.
Огромниот знак на Mercedes предзвикува восхит како исклучителен инженерски потфат да се произведе, транспортира и постави на врв на некоја зграда и истиот непречено да се врти и свети во секакви временски услови со децении. Така на пример, ваков знак е поставен на познатата зграда во Берлин, „Европа Центар“,кој непречено се врти 50-тина години.
Ѕвездата на Mercedes е поставена и во Штудгарт, Минхен, Пекинг и неколку други градови во светот, а во Скопје, е единствена од ваков вид во регионов, која исто така се ротира, има дијаметар од 6 метри и тежи дури 10 тони. Поради својата големина, овие знаци се видливи со километри оддалеченост, а како ќе биде во Скопје, останува допрва да се види.
Инаку, трикраката ѕвезда на Mercedes датира уште од далечната 1910 година, знак кој ја симболизирал употребата на моторите на Даимлер на земја, вода и воздух. Првично било предвидено ѕвездата да има 4 краци, но денес овој симбол го користи Европската компанија за воздушна одбрана и вселенски истражувања EADS.