Близнаците ќе бидат расположени, сега е време за важни одлуки: Неделен хороскоп од 03 до 09 март
Погледнете што ви кажуваат ѕвездите...
Овен
Во следните неколку денови од вас се очекува многу повеќе отколку што можете да замислите. Љубовната ситуација е многу комплицирана поради вашите потреби да бидете секогаш во право.
Бик
До крајот на неделата очекувајте поволни вести од личност родена во знакот на Јарец. Чувајте се од дупли стандарди во пријателските односи. Ова посебно се однесува на односите кои многу ви значат.
Близнаци
Ќе бидете добро расположени благодарение на добрите односи со луѓето кои ви се важни. Тоа ви дава можност да напредувате. Можни се проблеми со спиењето.
Рак
Неделава ќе бидете емотивно затворени поради внатрешните потреби да се посветите на себе и она што емотивни ви се случува. Немојте да носите некои важни животни одлуки овие денови. Прво мора да бидете емотивно постабилни.