Бојадисување на Велигденски јајца со шлаг: Наједноставна техника која дава фасцинантен резултат
Ако се прашувавте како да бојадисате јајца со шлаг, вие сте на вистинското место!
Бојадисувањето на велигденски јајца е голем предизвик за многу домаќинки. Постојат многу начини и трикови кои јајцата ќе ги направат совршени, а посебен ентузијазам предизвика техниката на фарбање со сода бикарбона.
Денеска ви пренесуваме уште една интересна техника за која ви е потребен шлаг и уште неколку состојки.
Потребни состојки:
-шлаг
-бои за колачи (гел/течност)
-светки за торта (во прав)
Начин на подготовка:
Пред да ги сварите, избришете ги јајцата со оцет (пожелно е јајцата да бидат бели). Сварете ги и ставете ги на крпа да се изладат. Изматете го шлагот, истурете го во длабок сад, во кој ќе ги додадете течните бои и со чепкалка правите дезени. Се валкаат јајцата во шлагот и се оставаат така околу 15 минути, па се ставаат под млаз вода, се измива шлагот и се ставаат на крпа да се исушат. На крајот само ги премачкувате со масло.
Интересно и ново!