БОЈАНА: Значење на името и какви се оние кои го носат
Од голем број на убави женски имиња во нашиот јазик, денес се одлучивме за името Бојана.
Бојана е дериват на машкото име Бојан. Тоа е едно од словенските машки имиња, кое се користи во Чешка, Бугарија, Словенија, Македонија, Србија и Хрватска. Постојат неколку толкувања за потеклото на ова име.
Според едно од нив, потекнува од старословенската основа „да се бориш“ и се подразбира како „борец“, односно „воин“. Сосема спротивно на ова е мислењето дека ова името потекнува од основата на глаголот „се плаши“ на српски јазик „бојати се“, односно да се означи „онаа што се плаши“.
Исто така, ако имате Бојана во вашето опкружување, подгответе се за силна и често независна жена. Нејзиното име потекнува од аварскиот јазик и зборот „bajan“ и значи „богата“ или „водач“, „владетел на ордата“.
Значи, вашата Бојана е борбен воин во душата, кој чека само момент да стане лидер.