Моден фокус // Трендови
Боки 13 на кафе излегува во облека од скоро 10.000 евра: Ако е врвно, нека е со стил
И покрај сите перипетии кои му се случуваа изминативе години, тој остана достоен на својот луксузен стил на облекување. Секое негово парче се гледа дека е внимателно одбрано, од најквалитетните светски брендови и знае како да се носи и да ги носи нештата. Тоа е факт.
Да, Бојан Јовановски се облекува скапо.
Па така беше и овојпат. На Инстаграм постира фотографија каде е облечен врвно, па ги тагна и брендовите од кои му е купена облеката.
Само чизмите чинат околу 300 евра, а се на брендот Александар Меквин.
Чантата е на брендот Ив Сен Лоран, од крокодилска кожа, и чини некаде од 2000 до 4000 евра.