Болеста е комплицирана, а вакцината ја прави некомплицирана: Порака од д-р. Петличковски

Добивај вести на Viber

Случаите на инфекција со вируси дури и по вакцинирањето не се изненадувачки и не сугерираат дека нешто не е во ред со вакцините или дека биле дадени неправилно, велат експертите откако голем број примери во Македонија укажуваат дека и по примена прва доза од вакцината против Ковид-19 сега се заразени со корона вирусот.

Директорот на Институтот за имунологија, д-р. Александар Петличковски, кој е специјалист по хумана генетика во разговор за Фактор вели дека воопшто не треба да зачудува фактот што дел од граѓаните кои се вакцинирани пред извесен период сега да бидат позитивни на Ковид-19. Може да се инфицираат со болеста дури и по месец дена од примена прва доза бидејќи имунитетот е многу индивидуална работа, зависи од силата на целиот организам, возраста, начинот на живот, можните болести, лековите што некој ги зема, исхраната и многу други фактори.

-Вакцините се најефикасни кога ќе се заврши тој вакцинациски циклус, односно откако ќе се примат двете дози, но различни вакцини се различно брзи во создавањето на антитела. Најсовремените, iRNK вакцините, Фајзер и Модерна создаваат најбрзо и по две недели некој што е вакциниран со овие вакцини има солидна количина која од ден на ден се зголемува. 

Читајте детали на Фактор , тука.