Болката не може да ја снема: Андријана Јаневска за смртта на мајка си

Пејачката, виолинистка и професор на ФМУ Андријана Јаневска за прв пат прозборе за смртта на својата мајка. 

Јаневска, за естрадниот магазин „Бекстејџ“ изјави дека се надева оти времето лечи сѐ. Таа верува дека болката која ја чувствува по загубата на мајка си, со текот на времето  ќе биде помала.

„Велат дека времето лечи сѐ, и јас искрено се надевам дека тоа е така. Болката не може да ја снема, но мораш да научиш да живееш со неа. За мене семејството е сѐ и многу ми е важно со помош на моите деца, и на мојот сопуг се обидувам да го надминам тоа“, озјави Андријана.

Таа по подолга пауза се врати на музичката сцена, со песната на хрватски јазик „Дај, пољуби ме“ која ја промовираше во Загреб. За таа потреба таа направи нова фотосесија каде што позира со својата виолина.