БОЛНИЧКИТЕ КАПАЦИТЕТИ ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК: Кумановски лекари преговараат со иселениците во нивните празни куќи да сместуваат болни од ковид

Добивај вести на Viber

Големиот бран на пациенти заразени со корона вирусот на кои им е потребно болничко лекување силно го опотовари целиот здравствен систем во Македонија. Министерот за здравство, сепак уверува дека се уште има болнички кревети и дека ресорното министерство е во постојан контакт со сите болници. Велат дека ако има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Истовремено посочуваат дека во сите болници ширум земјава, односно во клиничките и општите болници во градовите каде се лекуваат пациенти болни од ковид има околу 70 слободни болнички кревети, и секојдневно се прават и исписи на оздравени пациенти со што се ослободуваат дополнителни легла.

Состојбата е секаде критична, но алармот го вклучија лекарите од Куманово, кои велат дека сите болнички капацитети во овој град се исполнети. Освен на Одделението за инфективни болести, нема место ниту на одделот за неврологија. 

-Се е полно. Луѓето чекаат хоспитализации, а нема каде да ги сместиме. Пациентите со средно  тешка клиничка слика, со намалена сатурација, ги третираме на дневна основа, а реално им треба болничко лекување. Самата болест бара пациентите да бидат хоспитализирани, да полежат во болница, за да не дојде до влошување на нисвата здравствена сотојба. Се случува клиничката слика нагло да се промени. Тука, во Куманово ги правиме сите напори да успееме да ги надополниме болничките капацитети. Јас лично почнав да преговарам и со дел од иселениците ов Куманово кои со години се во странство, најмногу во Швајцарија. Целата изјава на координаторот на матичните лекари од Куманово, д-р. Фатмир Асани и повеќе информации за ова тема прочитајте на Фактор.мк