БОЛНО ГО ПРИФАЌААТ СОЗНАНИЕТО ДЕКА ИМААТ ДЕТЕ СО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР: За првиот момент на вистината д-р Андоновски
Првиот момент на сознанието дека имаат дете со аутистичен спектар е многу болен за родителите, вели во разговор за Фактор, д-р Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар, кој е и дел од тимот на Заводот за ментално здравје кај децата „Младост“ во рамки на Здравствен дом Скопје. Посочува дека секојдневно се соочуваат со овој сериозен проблем, а како лекар педијатар по повод Светскиот ден на аутизмот на 2. април укажа на што треба да се обрне внимание во нашава земја, особено поради фактот што бројот на деца со аутистичен спектар е во пораст, односно Македонија не заостанува зад светската инциденца.
-Родителите кој доаѓаат во Заводот за ментално здравје се одлучуваат на таков чекор поради низа знаци кои не се карактеристични при развојот на едно дете. Велат дека е срамежливо, дека не комуницира, го трга погледот, односно не остварува контакт со очите. Од моето долгогодишно искуство во педијатријата, посебно во овој случај мора да истакнам дека родителот пристапува со субјективен пристап кон оваа состојба, дека неговото дете нема некој голем проблем, туку дека е навистина изолирано и дека не сака да комуницира со никој освен со својата мајка и дека не ретко остварува контакт со очите и дека тоа е срамежливост. Но по тимската работа се вооочува една реална ситуација дека не станува збор за срамежливост или неконтактибилност поради околната средина, туку дека бројот на аутистичните знаци е многу висок. Соочувањето е болно, родителите едноставно не може да поверуваат. Но, она што е најбитно, професионалниот тим е прави се за да поставената дијагноза не доведе до стигматизација на детето. Напротив, се работи на соодветен т.н. пробен пристап на третман на ваквата состојба, вели д-р Андоновски.
Целата приказна прочитајте ја на Фактор тука.
фото: Фактор/ EPA-EFE/JAGADEESH NV