Бонд-девојката Олга Куриленко, откри: Позитивна сум на коронавирусот

Добивај вести на Viber

Олга Куриленко – Бонд девојката, модел и актерка, на својот Инстаграм профил објави дека е позитивна на коронавирусот.

Таа напиша дека била болна веќе недела дена, а најизразени симптоми и биле темература и замор.

Водете грижа и сфатете го ова сериозно, нагласи таа.

Инаку таа е французинка, со украинско потекло која се прослави со улогата на Камила, партнерка на Џејмс Бонд.