Bond No.9 – Мирисот на мирот

Добивај вести на Viber

На 8ми, овој месец Bond No.9 во Њујорк беше домаќин на Bond Fire спектакуларен настан, чија цел беше да се промовира меѓународниот мир и да го прослави партнерството на брендот со Здружението на жените на ООН за мир.

Bond No.9, кој е специјалист за дефинирање на мирисите во њујоршкото соседство и амбалажирање на истите во парфем, сега го презеде најголемото соседство од сите нив. Тоа е оној кој лебди над целиот град, местото на кое ќе видите некого и ќе бидете видени, А-листа на мирот каде што сите сакаме да напредуваме.

Њујорк отсекогаш бил дефиниран по своите немири, но по и неговите јасни цели. Сепак, оваа метропола со мултиетничка мулти-визија, владее како место за толеранција и соживот. Тоа е град изграден врз пактите за антиагресија кои се спојуваат од улица на улица, соседство по соседство. Ова е начинот на кој Њујорк успева. Периодот после 11 септември докажува уште повеќе дека иднината на овој скапоцен град зависи од светскиот мир.

Најновиот мирис Bond No.9, Мирисот на мирот, е роден од овој консензус кој лебди како мелем над целиот град.

Наменет за мажи и жени, Мирисот на мирот (веројатно најграциозниот мирис што некогаш бил осмислен) започнува со пенливи, енергични грејпфрут и темни ноти, кои се избалансирани со чиста убавина на крин од долината и од оние кои се мешаат со основни ноти, кедрово дрво и мошус.

Амбалажата покажува гулаб во слободен лет. Го гледаме овој гласник за мир што расте низ целиот град, низ целата земја, низ морињата, носејќи ја својата порака до светот.


Bond No.9 е горд што ќе соработува со Здружението на жените на ООН за мир. Во САД, за секоја свеќа на мирот продадена до Денот на мајката, Bond No.9 донира 1% од продажбата за да ја продолжи мисијата на организацијата и да промовира меѓународен мир за жените, девојките и за сите воопшто.

“Како бренд нашата мисија не е само да создаваме нови производи, туку да направиме нешто поголемо”, изјави Лаурис Рахме, основач и извршен директор на Bond No.9

·Од 10.05 овој парфем може да го најдете во парфимериите Анабела Мериот и Cosmo во Скопје.