Бонус од 5 отсто со American Express на бензинските станици ОКТА
Со новата летна кампања на Силк Роуд Банка АД Скопје и Окта АД – Скопје, корисниците на American Express картичките добиваат 5% бонус поврат на средства со секое купување во бензинските станици со брендот ОКТА. Заедничката кампања ќе трае во текот на месеците јули, август и септември.
Со секоја направена трансакција со American Express картичкa издадена од банката на сите бензински станици со брендот ОКТА низ Македонија, на корисниците им се одобрува бонус од 5% од износот на направената трансакција. Максималниот месечен износ за кој важи бонусот од 5% е до 6.000 денари. На месечните трансакции со кои се надминува овој износ, ќе биде одобрен поврат на средства по стапка од 2.5%.
Доколку сеуште немате аплицирано за American Express картичка, истото можете да го сторите во експозитурите на Банката или на веб страницата https://www.silkroadbank.com.mk.
Во претстојниот период уживајте во вашите летни патувања во државата и странство и имајте безгрижни патувања со картичките на American Express и горивата на ОКТА.
ПР објава