Бонус од 5% со American Express на бензинските станици ОКТА
Со новата летна кампања на Силк Роуд Банка АД Скопје и Окта АД – Скопје, корисниците на American
Express
картичкитедобиваат 5% бонус поврат на средства со секое
купување во бензинските станици со брендот ОКТА. Заедничката кампања „Летувај
дома” ќе трае во текот на месеците јули, август и септември.
Со секоја направена трансакција со American Express картичкa издадена од банката на сите бензински станици со брендот ОКТА низ Македонија, на корисниците им се одобрува бонус од 5% од износот на направената трансакција. Максималниот месечен износ за кој важи бонусот од 5% е до 6.000 денари. На месечните трансакции со кои се надминува овој износ, ќе биде одобрен поврат на средства по стапка од 2,5%.
Доколку сеуште немате аплицирано за Американ Експрес картичка, истото можете да го сторите во експозитурите на банката или на веб страницата www.silkroadbank.mk.
Во претстојниот период уживајте во вашите летни патувања ширум државата и безгрижно патувајте со картичките на American Express и горивата на ОКТА.