Божицата на стилот блесна покрај Бен: Џенифер Лопез премоќна во фустан кој личи на венчаница

Џенифер Лопез блесна на црвениот тепих во Лос Анџелес во вторникот вечерта, појавувајќи се на специјалната проекција на нејзиниот нов филм „Marry Me“ во друштво на нејзиниот избраник Бен Афлек.

Бен и Џен не ги тргаа рацете еден од друг, а на сите им беше јасно дека се на седмо небо.



Парот се гушкаше, нежно се допираше и гледаше заљубено, а за нивните префинети изданија придонесоа пеперутките во воздухот, во кои изгледаа исто како да одат на сопствена свадба!



Имено, Бен изгледаше елегантно во добро скроен темносин костум и бела кошула, и црно палто и лакирана кожа, елегантни чевли, но сите погледи очекувано ги украде Џеј Ло во симпатичен фустан кој лесно може да помине како венчаница!



Прекрасната, асиметрична, кратка креација од бела тантела со долги ракави всушност припаѓа на колекцијата венчаници со потпис на дизајнерот Џамбатиста Вали, а на латино дивата одлично и прилега, исто како да е сошиена специјално за неа.



Тоалетата ги истакна нејзините извајани, затегнати нозе, а изданието го заокружи со прекрасни салонки во боја на шампањ украсени со циркони и пердуви, како и необична клач чанта со тридимензионални цветови.

За софистицираното, шик издание придонесоа и женствената, нежна шминка што ја избрала пејачката, како и нејзината долга, бујна коса и дискретните дијамантски обетки.

Фото: Инстаграм