Брачен советник: 10 знаци дека ќе се разведете

Добивај вести на Viber

Ниту еден брак не завршува на ист начин. Се разбира, не постојат два брака кои се исти. Меѓутоа, многумина делат некои сличности - проблеми во комуникацијата, прашања за одговорност, бескрајни критики - кои понекогаш предизвикуваат добра основа за разделување.

Рафи Билек е брачен советник и директор на Центарот за терапија во Балтимор, кој редовно работи со двојки во различни фази на несигурност. Ова се 10 знаци кои Билек ги изложува за двојките кои можат да прибегнат кон развод.

1. Меѓусебно си зборуваат со презир

Секој пар се расправа, но ако постои дел на омраза во таа расправија, тогаш тоа значи потполно непочитување на партнерот.

2. Секојдневно се критикуваат

Се разбира, малку конструктивна критика може да ви помогне во секој аспект од вашиот живот. Но, само ако постои рамнотежа. „Ако се критикувате едни со други многу повеќе отколку што си давате комплименти, дефинитивно имате проблем", вели Билек.


3. Секогаш се  чувствуваат одбранбено во однос еден кон друг

Расправијата е лоша, но одбраната е исто така со лоши последици. Ако постојано чувствувате дека треба да се одбраните од зборовите или постапките на партнерот, тогаш вие влегувате во до фаза на уништување на вашата врска.

4. Еден партнер одбива да разговара

Тишината е секогаш лош знак. Тоа значи дека еден престанал да се труди да ги поправи работите.

5. Еден партнер ( или двајцата) не се заинтересирани за секс

Почнуваме да губиме енергија. Возбудата и сексуалните односи се намалуваат, но во здрава врска, партнерите секогаш имаат желба за секс. „Ако емоционалната интимност во вашата врска е толку ниска што физичката интимност веќе не е интересна, тоа е лош знак. ", вели Билек.

6. Тие размислуваат за други потенцијални односи

Кога ќе почнете да рамислувате за другите луѓе и размислувате за интимни односи и за тоа како изгледа врската со нив, тоа е знак дека ќе се откажете од некои работи во вашиот брак и можеби тоа е знак за развод.

7. Некој има зависност и не бара терапија

Зависностите се убијци на врската. Доколку еден од партнерите е зависен од некој порок, и постојано бара изговор за тоа, другиот партнер има само повеќе причини за развод.

8. Еден или двајцата партнери преферираат порно филмови во однос на партнерот

Педесет и шест проценти од браковите завршуваат со развод кога еден партнер има „опсесивен интерес за порно филмови". Билек објаснува: „Многу луѓе повремено гледаат порнографија. Меѓутоа, кога таквото задоволство станува приоритет во однос на сексуалниот однос со брачниот другар, бракот е сериозно загрозен.

9. Тие се занимаваат со онлајн врски

Ако се свртиме кон Интернетот за да ги задоволиме емоционалните потреби кои не ги добиваме од партнерот, можеби можностите за развод ќе се зголемат повеќе отколку што мислите.

10. Еден партнер одбива да оди на советување

Според Американската асоцијација за брачна и семејна терапија, дури 97% од анкетираните двојки рекле дека помошта однадвор им помага на нивните бракови да се вратат на вистинскиот пат. Значи, советувањето помага. Но, само ако двојката навистина оди на советување. „Без оглед на проблемот, ако не сте успеале сами да го решите, еден пар професионални советници може да бидат од голема помош", вели Билек. Кога партнерот одбива да присуствува на сесиите, тоа е знак дека тој одбива да се потруди да ги реши проблемите за вашиот брак да успее.