Брачниот пар Гута Маринковиќ и Елена Миленковска за првпат ја покажа ќерката: Девојчето ужива во прегратките на татко ѝ
Брачниот пар Гута Маринковиќ и Елена Миленковска, кои се прославија на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, неодамна станаа родители по втор пат.
Тие пред повеќе од две години го добија своето прво дете, синот Максим, а сега нивното семејство се збогати со уште еден член, ќерката Миона, која нивните следбеници до сега немаа можност да ја видат.
Сепак, гордиот татко реши да објави неколку фотографии од својата ќерка на социјалните мрежи, а до фотките напиша:
- Запознајте ја Миона Маринковиќ! На кого ви личи? – беше прашањето упатено до следбениците.
Мислењата беа поделени и неколку луѓе рекоа дека бебето личи на нејзината мајка, некои имаа смешни коментари дека Миона ги наследила веѓите на нејзиниот татко, додека најголем број следбеници изјавија дека Миона најмногу личи на нејзиниот брат Максим.
Но, она што дефинитивно привлече најмногу внимание кога е Миона во прашање, е нејзината неодолива насмевка додека ја држи татко ѝ, која на сите им ги стопи срцата.
Фото: Инстаграм