Бракот ќе ни ја расипе љубовта: Данијела и Грашо искрено за врската
Љубовната приказна на пејачите Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо, е секогаш интересна за јавноста. Тие се заедно повеќе од 12 години и заедно живеат во Сплит, но велат дека уште не се подготвени за брак.
Во една прилика, Данијела изјави дека нивната љубов се случила на 25. поглед.
„Нашата прва средба беше како на нем филм. Петар тогаш го имаше својот прв инструментален настап во групата „Магазин“, каде што јас пеев. Искри помеѓу нас се појавија неколку месеци од таа „свирка“, по многу наши заеднички разговори и откако стекнавме доверба еден во друг. Ние имавме љубов на 25 поглед“, изјави хрватската ѕвезда.
Иако нивната љубов трае долги години, тие никогаш не размислувале за брак.
„ Во денешно време, кога пукаат половина од браковите, лицемерно е да мисли дека мажот е потполн само ако се ожени. Бракот може да ја расипе љубовта. Човекот е комплетен ако навистина го сака оној со кој живее, оној кој го љуби и го гали и кога нивниот однос е стабилен. Никој не може да влијае на вашата одлука дали сакате да стапите во брак или не. Но, како што поминуваат годините, за мене тоа прашање полека ја губи смислата“, изјавил неодамна Петар Грашо за хрватските медиуми.