Бранко Драгаш: Невоспитаните родители имаат агресивни деца!

Добивај вести на Viber

Денешните родители се слуги на разгалените деца ...

Распуштените деца имаат распуштени родители.

Кои не ги воспитуваат своите подивени деца.

Родителите ги распуштиле децата од повеќе причини.

Опасност се бидејќи ги понижуваат и малтретираат децата на добрите родители.

Воспитаните деца не можат сами да му се спротивстават на простотилакот на распуштените деца.

Не можат бидејќи се воспитани и затоа во страв се повлекуваат.

Така почнува расипување на општеството.

Наставниците во школо не можат сами да ги запрат распуштените деца.

Не можат бидејќи се изложуваат на директен судир со нив.

Во тој судир наставниците немаат отворена и сигурна поддршка на државата.

Некогаш тоа го имале.

Во заштитата на човековите права, правата се целосно занемарени.

Ако некој, да речеме ве малтретира, прогонува или ве насамарува, полицијата не може да направи ништо за да ве заштити.

Потребно е кривично дело за да се случи полицијата да дејствува по закон.

Нема превентивно делување. Односно, потребно е жртвата да настрада.

Кога тоа ќе се случи, жртвата на полицијата повеќе не и треба.

Ист случај е и со школото.

Распуштените деца можат да злоставуваат се во школото.

Испаѓа дека распуштените деца се нескротливи и дека никој ништо не им може.

Кој ќе им се спротивстави на тие распуштени деца?

Родителите на воспитаните деца мора сами да застанат во одбрана на своите деца.

Тие немаат друг избор. Не можат да дозволат децата да им страдаат.

Тие не можат да чекаат да проработат институциите на системот.

Систем кој не функционира и кој создава распуштени родители.

Кои, повторно ги одгледуваат своите распуштени деца.

Родителите на вoспитаните деца мора да се здружат и организираат.

Поединечната борба е залудна.

Со неа не може да се менува системот.

Со поединечната борба не може да се победат распуштените деца.

Ниту нивните родители.

Со поединечна борба бадијала се нервираме.

Кога општеството е во распад, тогаш сме принудени да се здружуваме.

Приморани сме да се организираме.

Немаме избор.

Борбата е наша со живот склопена.

И нашите деца ги учиме да се бранат.

Тоа ќе им треба во се позлобното и себично општество.

Родителите на воспитаните деца тоа мора, конечно да го сфатат.