Браво за нашата научничка: Светлана Мојсов од шпанското Кралско семејство доби награда еднаква на „Нобелова награда“

Добивај вести на Viber

Убави вести од нашата хемичарка која живее и работи во САД, Светлана Мојсов.

Оваа успешна дама се закити со награда „Принцеза на Астуриас“ за 2024 година, во категоријата за научно и техничко истражување, што ја доделува Кралското семејство на Шпанија.

Веста преку социјалните мрежи ја соопшти Амбасадорот на Македонија во Кралството Шпанија, Едмонд Адеми.

Светлана Мојсов, која е научник и професор на Универзитетот Рокфелер во САД, заедно со уште четворица научници, спровеле истражувања кои имаат значаен клинички и социјален импакт, а резултат е нивниот придонес во развивањето ефективни лекарства за справување со дијабетес како и ублажување на асоцијативни форми на патологии што го подобруваат квалитетот на живот за стотици милиони луѓе ширум светот.

Светлана Мојсов е првата Македонка кој ја добива оваа престижна награда.

View this post on Instagram

A post shared by DKP Madrid (@mkembassyspain)



Во изминатите години по различните категории добитници биле: Вацлав Хавел, Мерил Стрип, Мартин Скорсесе, Францис Форд Копола, Рафаел Надал, Мајкл Шумахер, Леонард Коен, Боб Дилан, и други.

Наградата Princesa de Asturias е една од најпрестижните награди што од 1981 ги доделува Шпанското кралско семејство, односно наследникот на шпанскиот трон, Принцезата Леонор, која до преземањето на шпанскиот кралски трон ја носи титулата Принцеза на Астуријас.

Можам слободно да кажам дека наградите “Princesa de Asturias“ кои се даваат во неколку категории, и по форма и по содржина Во Шпанија ја имаат тежината на “Нобелова награда“, напиша на социјалните мрежи Едмонд Адеми, амбасадор на Северна Македонија во Кралството Шпанија.