Браво жени: Пет храбри мајки без кои светот не би бил ист

Foto: Profimedia/Instagram

По повод Денот на мајката, кој се слави секоја втора недела во мај, се сеќаваме на пет мајки кои засекогаш не задолжија со своето знаење, храброст, општествено ангажирање и активизам.

1. Марија Кири

Една од најпознатите научници на сите времиња и првата жена што ја доби Нобеловата награда и нејзиниот сопруг Пјер Кири имаа две деца. По смртта на нејзиниот сопруг во 1906 година, Мари сама ги одгледала своите ќерки Ирина и Ева. 

„Жените често ме прашуваат како успевам да го усогласам семејниот живот и научната кариера.


Можам само да кажам дека не е лесно“, изјави во една прилика научничката, но и со својот пример докажа дека жените не мора да се откажат од едното или од другото. Мајка ми секогаш ни велеше дека мора да бидеме независни, да си ја сфатиме работата сериозно и да не го поминуваме времето само во забава. Но, таа никогаш не помисли дека науката е единствената насока што треба да ја следиме, рече Ирина.

2. Ирена Сендлерова

Полјакката Ирена Сендлер спасила повеќе од 2.500 илјади еврејски деца од варшавското гето за време на Втората светска војна. Ирена била членка на полското движење на отпорот и под кодното име Јоланта креирала лажни документи за децата, кои потоа ги испраќала во домовите на полските семејства, сиропиталишта и манастири за да ги спаси од сигурна смрт, а по војната ги вратила на нивните семејства. Ирена пред да биде уапсена успеала да ги скрие списоците со имињата на спасените деца.

Таа била подложена на тешка тортура во затворот. Меѓутоа, во ниту еден момент не открила каде се децата, па била осудена на смрт. Таа избегала од затвор на денот кога требала да биде погубена, откако припадниците на полскиот отпор успеаја да подмитат германски војник. Извесно време се криела од нацистите, но потоа се вратила во Варшава под лажно име и работела како медицинска сестра.


По завршувањето на војната, Ирена и нејзините колеги ги собрале сите информации од спасените деца со намера да ги вратат кај родителите, но набрзо дознале дека повеќето од нив биле егзекутирани во концентрациониот логор Треблинка.

Соџернер Трут

Соџернер имала само девет години кога била продадена во ропство. Во бракот со робот Томас имала пет деца, а нејзиниот сопственик Џон Думонт и ветил слобода. Меѓутоа, тој се предомислил, па Соџурнер решила да побегне со својата новородена ќерка во 1826 година. Недолго потоа дознала дека нејзиниот 5-годишен син Питер незаконски бил продаден на маж во Алабама.


Собрала пари за адвокат, го тужела дотичниот и го добила случајот во 1828 година и успеала да си го врати синот. Тоа беше историски момент затоа што Соџернер е првата Афроамериканка која тужи белец на суд и победи на овој тип на тужба. Како жесток аболиционист, таа продолжи да се бори за правата на робовите и жените.

4. Елизабет Кеди Стентон

Многумина не ни знаат дека познатата активистка за правата на жените, суфражетка и аболицирана била мајка на седум деца. Со нејзината пријателка Сузан Б.

таа го основаше Американското национално здружение на жени суфражети и на крајот им помогна на жените да добијат право на глас.


Повеќе од 50 години таа беше водечка фигура во американското движење за правата на жените и голем дел од својот живот посвети на образованието на новите генерации жени.

5. Варис Дирие

Поранешната амбасадорка на ОН, активист и автор е роден во Сомалија во 1965 година. Таа имала само три години кога била подложена на осакатување на гениталиите, брутална практика која се спроведува во одредени земји во светот од културни и/или религиозни причини. Таа на 13 години требало да стапи во договорен брак со 60-годишен маж, но побегнала во градот Могадишу. Таму извесно време живеела со постарата сестра и семејството, а потоа успеала да се пресели во Велика Британија.


Таа била сосема случајно забележана на улиците на Лондон од фотографот Теренс Донован и помогна да се обезбеди насловната страница на престижниот календар на Пирели во 1987 година. Десет години подоцна, на врвот на нејзината манекенска кариера, Варис за прв пат јавно проговори за гениталното осакатување што го доживеа во интервју за магазинот Marie Claire.

Тогаш започна нејзината активистичка кариера, обележана со борбата против болниот обичај на кој, според податоците на СЗО, секојдневно се подложени над 8.000 девојки. Во 2013 година, оваа мајка на четири деца го отвори првиот медицински центар во Берлин кој нуди реконструктивна хирургија на жртвите на генитално осакатување.