Бремена жена паднала во шахта во Софија: Длабока 3 метри

Медиумите во соседна Бугарија објавија дека бремена жена паднала во шахта во главниот град, Софија.

Жената има 38 години. Се шетала со сопругот кога згазнала на вратилото, металните врати се помрднале и таа се струполила на висина од околу 3 метри. 

Како што пренесуваат тамошните медиуми жената е пренесена во болницата Пирогов, но се‘ уште нема информации за нејзината состојба.

Полицијата врши увид на лице место. Фотографиите од несреќата погледнете ги овде.


Фото: фреепик