Брендот Comodita Home отвора продавници во 5 градови со попусти до 60 отсто
Популарниот бренд за производи за домот, Comodita Home ја проширува својата мрежа на продажни места во Македонија. Во сабота, 26 јануари, популарниот бренд ќе отвори продавници во Скопје, Тетово, Гостивар, Велес и два салона во Куманово.
Големото отворање е закажано во 11 часот и ќе биде придружено со многу понуди, подароци и попусти до 60 отсто.
Comodita Home ќе понуди атрактивни цени и различни видови на производи, а граѓаните ќе може да најдат сè за своите домови на едно место.
Производи за спална соба, кујна, додатоци за бања, декоративни производи, производи за бебиња и производи за патувања се само дел од понудата на Comodita Home.
На потрошувачите ќе им бидат понудени производи од новата колекција и може да ги искористат предностите на многуте понуди што ги носи Comodita Home.
Брендот ќе продолжи да расте и да отвора продавници во другите градови низ Македонија со што ќе биде поблиску до своите клиенти следејќи го својот слоган „Чувствувајте се убаво“.