БРИШЕЊЕ НА ФЕЈСБУК ПРОФИЛ: Ова го намалува стресот

Добивај вести на Viber

Научниците тврдат дека бришењето на Фејсбук профилот може да биде прилично добро кога станува збор за здравјето.

Една неодамнешна студија на Универзитетот во Квинсленд покажа дека напуштањето на Фејсбук за многу кратко време го намалува општото ниво на стрес.

Од вкупно 138 корисници на оваа социјална мрежа вклучени во истражувањето, една половина престанала да користи Фејсбук во рок од пет дена.

Истражувачите кај учесниците во студијата го мереле нивото на хормонот кортизол, познат како хормон на стрес, пред и по експериментот. Тие заклучиле дека нивното ниво на патолошки стрес е намалено.

Сепак, учесниците самите пријавиле кај научниците дека се чувствуваат „помалку добро“ по петдневна неупотреба на Фејсбук, пишува News Hub.

„Луѓето тврдат дека во поголема мера не се чувствуваат задоволни со нивниот живот, како и дека со нетрпение очекуваат да се вратат на своите фејсбук активности“- рекол лидерот на истражувачкиот тим, доктор Ерик Венман.

Тие рекле дека им недостига содржина во нивните животи и затоа им треба Фејсбук.