Британската кралица, Елизабета II го слави својот 96-ти роденден: За платинестиот јубилеј доби барбика со нејзин лик

Британската кралица Елизабета Втора денеска го слави својот 96-ти роденден, а покрај бројните честитки и почести доби и кукла Барби по повод платинестиот јубилеј - 70 години владеење.

Куклата Барби со ликот на Елизабета Втора е облечена во бисерно бел фустан со сина лента украсена со минијатурни медалјони и панделки и има дијадема по моделот на онаа што Елизабета ја носеше на денот на нејзината венчавка.

Елизабета се искачи на тронот на 6 февруари 1952 година, по смртта на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести.

Американската компанија Mattel, Inc., чија најпозната марка е куклата Барби, се вклучи во прославата на историскиот платинест јубилеј на британската кралица Елизабета Втора, правејќи почесна кукла по моделот на нејзиниот лик.

Барби по моделот на британската кралица е пуштена во продажба денес, на 96-тиот роденден на кралицата.

View this post on Instagram

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Mattel ја дизајнираше куклата како дел од колекцијата наречена „Barbie’s Tribute Collection“, лансирана минатата година во чест на сите „познати историски личности и визионери кои имаа огромно влијание врз општеството“.

Куклата ќе се продава во специјална кутија инспирирана од стиловите кои преовладуваат во Бакингемската палата, изработена од 3D украсени облоги и внатрешност што прикажува трон со црвен тепих.

Кутијата ќе биде врежана со лого во форма на грб и ознака за одбележување на годишнината од доаѓањето на кралицата на тронот


Фото: Mattel/Instagram - theroyalfamily

Кралицата Елизабета за прв пат по 70 години владеење блесна на насловната страница на „Вог“