Бритиш Американ Тобако (British American Tobacco) е нов глобалeн партнер на МекЛарен (McLaren)

Добивај вести на Viber

Бритиш Американ Тобако - БАТ (British American Tobacco - BAT) го најави новото, глобално партнерство со автомобилската групација МекЛарен (McLaren) во чии рамки ќе соработуваат за развој на напредна технологија и иновации насочени кон креирање портфолио составено од производи со потенцијал за намалување на ризикот (Potentially Reduced Risk Products - PRRPs), област во која БАТ е водечка компанија во светот. 

Повеќегодишното партнерство е фокусирано кон забрзување на трансформацијата на тутунскиот бизнис. Во рамките на оваа трансформација БАТ посветено работи на креирање пошироко портфолио на производи со потенцијално намален ризик, со цел да им овозможи “A better tomorrow” (“подобро утре”) на своите корисници. 

Дел од ова партнерство се однесува на соработката на БАТ со компанијата МекЛарен Применети Технологии (McLaren Applied Technologies), првенствено во развојот на батерии, напредни материјали и дизајн на производи. Двете компании ќе ги развиваат и ќе ги споделуваат своите најдобри практики, индустриско знаење, искуство во производните процеси и иновациите. 

Партнерството со МекЛарен ќе придонесе за побрзо остварување на амбициите на БАТ за трансформирање на тутунскиот бизнис во насока да им овозможи на потрошувачите помалку ризични тутунски и никотински производи. 

Ова партнерство ги обединува двете компании преку нивната заедничка страст за технологија, иновација и дизајн, како и јасната желба преку сопствените бизниси да допринесат за суштински значајни промени. 

Како глобален партнер на МекЛарен Формула Еден (McLaren Formula One), БАТ ќе биде присутен во текот на целата сезона - на самите болиди и во рамки на други позиции, согласно важечките регулативи и закони. Дополнително, на 14 февруари, во рамки на настанот на кои ќе бидат претставени новите МекЛарен болиди за 2019 година, БАТ ќе ја претстави својата нова платформа – “A Better Tomorrow” (“Подобро утре”). 

Коментирајќи го ова партнерство, Кингсли Витон (Kingsley Wheaton), Извршен директор за маркетинг на Бритиш Американ Тобако, изјави: 

“Навистина се гордееме и сме возбудени за ова ново партнерство кое овозможува дополнително да го забрзаме процесот на трансформација на компанијата и темпото на иновативноста. На ова партнерство гледаме како на вистинска глобална платформа која дополнително ќе ги нагласи нашите производи со потенцијал за намалување на ризикот, а кои ги развиваме под брендовите ‘Vype’, ‘Vuse’ и ‘glo’. Иновациите и технологиите ќе ја поддржат визијата на БАТ за креирање на “подобро утре“ за нашите корисници ширум светот“. 

Жак Браун (Zak Brown), Извршен директор на МекЛарен Рејсинг (McLaren Racing) изјави: 

“Го поздравуваме приклучувањето на БАТ во МекЛарен тимот и ја поддржуваме нивната амбиција за креирање значајни и долготрајни промени реализирани преку иновации. Трансформацијата на БАТ е во фокусот на ова партнерство и сме задоволни што со своето искуство и експертиза можеме да ги поддржиме и да им помогнеме во реализацијата на нивните идеи и замисли.”