Бритни Спирс: Татко ми ме смести во ментална институција

Познатата пеачка Бритни Спирс (37) наводно изјавила на суд дека нејзиниот татко Џејми Спирс ја сместил во ментална институција и дека ја присилувал да зема терапија против нејзина волја.

Токму оваа изјава Бритни ја искористила за да го прекине договорот, односно конзерваторскиот надзор кој Џејми го има над нејзините финансиски и медицински задолженија, како и врз кариерата од 2008 година. Бритни тогаш доживеа нервен слом и беше прогласено дека не може да се грижи самата за себе.

Бритни исто така изјави дека токму татко ѝ ја натерал на рехабилитација на почетокот на април, оваа година. Според договорот кој што го има со својот татко, било каква принудна активност ќе се смета за противзаконска.

Минатиот петок, Бритни од судот, каде бараше повеќе слобода според договорот, излезе босонога. Меѓутоа, судот засега го одби нејзиното барање, барајќи мислење и оценка од страна на експерт.

Голем број од нејзините фанови се собраа пред судот со транспаренти на кои пишуваше „Ослободете ја Бритни“. Нејзините фанови од неодамна покренаа и кампања на социјалните мрежи наречена „Ослободете ја Бритни“ како еден вид поддршка. Татко ѝ на Бритни моментално се закрепнува од две операции.