Бројката се искачи на 35: Четворица скопјани нови заболени од коронавирус

Нови заболени од коронавирус во земјава. Бројката се искачи на 35 лица откако утринава е потврден позитивен статус кај четири лица од Скопје.

„Состојбата на сите пациенти е стабилна. Доцна синоќа на Скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите. Резулататите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација. Лицата кои беа привремено сместени во Пепелиште ги посетија епидемилози, а денеска ќе бидат преместени во објектот одреден за групна изолација во Демир Капија, посочуваат од Министерството“.

За повеќе информации за состојбата со коронавирусот министерот за здравство Венко Филипче ќе информира на прес-конференција закажана за 15 часот во Владата.