Бројот на заболени од коронавирус во Македонија достигна 384 лица

Во изминатите 24 часа се потврдени 30 нови случаи позитивни на КОВИД- 19. Вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 384 лица - извести министерот за здравство.
По градови: Скопје-12, Куманово – 8, Прилеп – 9 и Крива Паланка-1.
Во изминатото деноноќие направени се 342 теста, а вкупно досега 4.117 тестирања на Ковид-19.

Бројот на излечени изнесува 17, а бројот на починати останува 11.