Брус Вилис и Деми Мур добија внука: Се породи нивната ќерка Румер, а тука е и првата фотка од бебето
Румер Вилис се породи. Ќерката на Деми Мур и Брус Вилис роди девојче.
Познатата наследничка денеска ја објави среќната вест, откривајќи дека бебето се вика Луета Ајсли Томас Вилис.
Румер Вилис доби ќерка со Дерек Ричард Томас, а на почетокот на оваа година објави дека ќе стане мајка.
„Чиста магија. Ги надмина нашите соништа“, напиша Румер Вилис покрај фотографијата на Инстаграм.
Луета е првото внуче на Деми Мур и Брус Вилис. Девојчето е родено на 18 април.
Румер Вилис позирала за време на бременоста и ја истакнала убавината на трудничкиот стомак, трендот на вакво позирање меѓу познатите трудници пред неколку децении го започнала нејзината мајка Деми Мур.
Брус Вилис и Деми Мур беа во брак од 1987 до 2000 година. Покрај Румер, тие ги имаат и ќерките Скаут и Талула. Познатиот актер се ожени со Ема Хеминг Вилис во 2009 година и со неа ги доби ќерките Мејбел и Евелин.
Семејството на Брус Вилис пред два месеци објави дека тој се бори со фронтотемпорална деменција.
Актерот минатата година откри дека боледува од афазија, поради што се повлече од светот на глумата. Неговото семејство е неговиот најголем поддржувач, а неговата поранешна и сегашната сопруга ги здружија силите да се грижат за него. Деми и Ема и пред тоа имаа одлични односи.
Поемотивно не може да биде: Деми Мур сподели емотивно видео од роденденот на Брус Вилис кој се бори со тешка болест
Foto: Profimedia