Лесен и ефикасен рецепт: Направете сами шампон за брз раст на косата

Добивај вести на Viber

Понудата на шампони за брз раст на коса е одлична, но постои и рецепт кој нема да ве чини многу и е еден од најефикасните меѓу дамите кои се борат со опаѓање на косата и бавен раст.

Состојки:

-750 мл шампон од коприва
- капки масло од зеленчук
- 100 мл пантенол
- 50 мл рициново масло
- 30 мл капки коприва (може да се најдат во аптека)

Подготовка:

Користете едно литарско шише за подготовка на шампонот. Може да го искористите тоа од шампон од коприва во кое ќе ги додадете состојките. Додајте ги капките, пантенолот, рицинусовото масло и 30 мл капки коприва.

Користете го шампонот за секое миење коса и добро протресете го шампонот пред употреба.

Резултатите се видливи по 20-30 дена од почетокот на употребата. Ако имате сува коса може да ставите помалку пантенол (30-50 мл).