Брзата и навремена реакција на здравствените работници спасија животи

Добивај вести на Viber

Се случи голема несреќа и многу животи се загубени а животите на многу други, никогаш нема да бидат исти. Иако сега неблагодарно е да се зборува што и како е направено и што уште можеше да се направи, сепак треба да и се погледне на реалноста во очи и да се одговори на прашањето – имаме ли капацитет да одговориме на вакви ситуации?!

Што е важно во вакви ситуации? Брза и координирана акција на клучните тимови, Брзата помош, пожарната екипа за спасување на повредените и за превенирање на понатамошна ескалација, но и полициските екипи за регулирање на сообраќајот.

Активирањето на службите треба да биде брзо и ефикасно, точно така беше при оваа голема несреќа.

Несреќата се случува во 16 и 40 часот, а пожарната екипа е пристигната таму за 30 минута, а кога пристигнуваат на местото екипите на Брзата помош се веќе таму. Брзата помош на местото на несреќата пристигнала за само 15 минути откако ја добила информацијата.

Од Здравствениот дом биле испратени три возила и екипи на Брза помош и тие на местото на несреќата пристигнале во 17 часот и 16 минути. Потоа од Здравствениот дом се испратени уште 5 коли со здравствени тимови.

Истовремено беа алармирани сите здравствени центри го градот, јавни и приватни, а на местото на несреќата медицински екипи пристигнаа и од Гостивар и од Тетово.

Здравствениот систем апсолутно координирано и навремено одговори на повикот, а успеа да ги алармира и останатите институции. Дотолку беше координирана акција што подеднакво брзо беа мобилизирани и веднаш одговорија на повикот и приватните здравствени установи, како дел од здравствениот систем во државата.

Градската болница 8ми Септември како најблиска болница во рекордно брз временски интервал приспособи простор само за повредените од несреќата. Дури 40 кревети беа подготвени за хоспитализација.

Сето ова профункционира и беше во оперативна функција само 15 минути по несреќата, целосно преструктуирање, мобилизирање и адаптирање.

Колку и да имаме недостиг од медицински кадар, во овој момент тоа не беше случај. Дисциплината, личниот морал и етика и пред се моќта на Хипократовата заклетва придонесе здравствените работници да останат прекувремено, втора смена, да доаѓаат од дома и да бидат на работа и по 30 часа. Медицински сестри, хирурзи, анестезиолози, болничари, целосно лекарски тимови, дури и самиот министер беше дел од медицинскиот персонал којшто го даде својот максимум во спасувањето животи и помош на повредените.

Нивната реакција, координација и афективност помогнаа многу во спасување животи и воопшто справување со несреќа од вакви размери. Иако посакуваме никогаш да не се случеше, сепак сега знаеме дека имаме здравство што е доволно компетентно и флексибилно да реагира во вакви случаи.