Брзинска венчавка под дејство на алкохол во Лас Вегас: Кортни Кардашијан и Тревис си кажаа „ДА“
Старлетата од најпознатото ријалити семејство Кортни Кардашијан (42), во понеделникот 1:30 часот по полноќ, тајно се омажила за тапанарот Тревис Баркер (46), во Лас Вегас, јавуваат странските медиуми.
Двојката се венчаше во строга тајност, само неколку часа по церемонијата на доделувањето на Греми наградите.
Според TMZ, Кортни и Тревис ја искористиле приликата, додека се во Вегас, да си кажат „да“ и ангажирале личен фотограф на кој му било забрането да открива какви било информации за венчавката, а ги венчал имитатор на Елвис Присли.
Личното обезбедување се погрижило да нема фотографии кои ќе се појават на социјалните мрежи, а старлетата и тапанарот успеале да избегнат бројни медиуми поради претходно одржаната церемонија.
Според американските медиуми, се пишува и дека ова нема да им биде единствена свадбена церемонија.
„Ни беше кажано дека ќе има уште неколку прослави и забави“, рекол изворот.
Но веќе почнаа да кружат видеа и фотографии од папараци на кои се гледа како Кортни едвај оди, под дејство на алкохол додека Тревис ја држи и се обидуваат да се оддалечат од папраците.
ВИДЕОТО може да се погледне овде
Кортни и Тревис се верија во септември минатата година, а реалити ѕвездата се пофали со фотографиите на Инстаграм.
Ова е прв брак на Кортни која има три деца со Скот Диск со кој беше долги години во врска, додека за Тревис ова е трет брак, а тој има две деца.
Парот од самиот почеток го привлекува вниманието на јавноста, најчесто со ласциозно однесување кое често ја надминува границата на пристојност, а забележливо е дека Кортни сега целосно го променила стилот на облекување. Се облекува многу послободно, ја скрати косата, но многумина забележаа дека се поправила неколку килограми и поради тоа таа со месеци беше мета на страшни критики. Исто така, често се испреплетуваа коментарите дека е бремена, што во неколку наврати го демантираше.
Како што е познато Кортни во неколку наврати изјавила дека сака да има уште едно дете, а пред неколку години ги замрзнала јајце клетките за да го тргне притисокот од себе. Желбата се засилила откако стапила во врска со Тревис, но ги дочекале проблеми.
Кортни не можела да остане бремена на природен начин, па се одлучила за ин витро оплодување, меѓутоа, лековите довеле не само да се поправи, туку и да влезе во менопауза, иако има само 42 години.
Но парот не се откажува од постојаните обиди да имаат заедничко бебе.
фото;instagram