Залуден е гламурозниот изглед, кога однесувањето е невкусно: Кортни и Тревис окарактеризирани како симбол на вулгарност на Оскарите
На свеченоста по повод доделувањето на најпрестижните актерски награди - Оскарите, како настан на годината, веќе одамна не присуствуваат само актерите, туку „сите и секој“. Па, годинава таму присутни беа Кортни Кардашијан и Тревис Баркер.
Патем, Кортни е првата од семејството Кардашијан која присуствувала на престижната ноќ на Оскарите, инаку како придружба на музичарот, нејзиниот свршеник Тревис.
Познатиот пар се појави на доделувањето на Оскарите, а секако, каде и да се појават се зборува за нив. Сепак, она што е најчеста тема на разговор за нив е нивното вулгарно однесување во јавноста.
Иако Академијата е повикана да ги преиспита своите мерки и правила на однесување, особено поради инцидентот што го направи Вил Смит, друга точка на разговор во низата несоодветности треба да биде начинот на однесување на „ѕвездите“, кој не вклучува агресивни испади, туку она што се однесува на основниот бонтон.
Кортни и Тревис се познати по љубовната приказна и свршувачката која ќе биде дел од нивното претстојно реално шоу на „Хулу“.
Се вери Кортни Кардашијан: Огромен дијамантски прстен, илјадници црвени рози и свеќи на плажа (ФОТО)
А освен тоа, Тревис без пардон, слободно ја допираше својата избраничка пред сите на Оскарите и со тоа, како што сметаат критичарите, го девалвираше секое големо и значајно достигнување на овој настан.
Иако кога станува збор за нивниот изглед, дефинитивно се беспрекорни.
Постарата сестра на Ким Кардашијан, Кортни носеше прилично елегантен класичен, црн, миди фустан од Mugler со деколте. А сето тоа го комплетираше со црни штикли од Аквазура и елегантно залижана фризура.
Тревис имаше едноставен изглед, носеше сè црно, вклучувајќи костум, маица и лакирани чевли.
Како и да е, нивното однесување не е ништо ново, а она што е сигурно е дека сиот тој гламурозен изглед им е залуден, кога нивното однесување е невкусно.
извор:zena.blic
фотографии: PROFIMEDIA
Дали изневери модата на црвениот тепих на Оскарите: Што носеа ѕвездите?