Брзите ПЦР тестови достапни во земјава до крајот на октомври, Македонија ги набавува од белгиската компанија Абот
Брзите тестови ПЦР за Ковид-19 во Македонија ќе бидат достапни веќе од крајот на октомври, евентуално почетокот на ноември, открива за Фактор, директорот на Центарот за јавно здравје, д-р. Александар Стојанов.
Тој потенцираше дека земјава ги набавува од реномираната белгиска компанија Абот, за која вели дека на интернационално ниво има големи успеси во здравствениот сектор, бидејќи претходно експертите во Абот развивале и вакцини.
-Како епидемиолог можам да кажам дека ние сме многу заинтересеирани за примена на тие таканаречени брзи ПЦР тестови кои ќе имаат огромна примена кај нас. Пред сè би ги користеле во градинките, училиштата, болниците. Резултатот се добива за 15-тина минути. Ако има суспектни се прави тестот и за кратко време имаме резултат. Навистина многу ќе ни помогнат. Се знае протоколот каков е доколку тестот е позитивен, ако е негативен епидемиологот ќе процени дали треба да се направи дополнително тестирање во некои од Центрите за јавно здравје. Инаку, можам да кажам дека овие брзи ПЦР тестови имаат голема сензитивност на вирусот, односно повеќе од 90 проценти точност. Подготвена е документацијата за нивна набавка и сè тече според сите регулативи, вели д-р. Стојановс за Фактор.
Повеќе информации за оваа тема прочитајте на Фактор.мк