Брзо и едноставно плаќање за повеќе време со вашите најмили
Сигурноста и благосостојбата на своето дете е приоритет
број еден за секоја мајка. Се разбира, секое новороденче има потреба од својата
мајка во првите месеци од неговиот живот. Но, не секоја мајка има помош во било
кое време кога станува збор за секојдневните обврски, во кои спаѓаат
банкарските услуги, плаќањето на режиски трошоци, и слично.
Халкбанк АД Скопје е банка за која „Важни се луѓето“. Токму поради ова, Халкбанк создаде сет мобилни апликации, како и електронско банкарство кои се едноставни и лесни за користење, а сепак овозможуваат да имате лична мала филијала, достапна во секое време. Е-банкарството и м-банкарството на Халк овозможуваат лесен и брз пристап до речиси сите услуги, кои не инволвираат кеш, што ги нуди банката.
Знаеме дека кога станува збор за мајки со новороденчиња, секоја минута е важна. Речиси и да не можете да го оставите детето без надзор ниту за момент, а пак секоја секунда слободно време е максимално искористена за средување на домашните обврски или, ако имате среќа, некој миг за себе.
Во услови на пандемија, кога зачувувањето на своето здравје, здравјето на вашите најмили и јавното здравје е од особена важност, не секоја мајка се чувствува безбедно и удобно да ги врши плаќањата или банкарските обврски со посета на филијалите. Кои предности и услуги ви ги нуди е-банкарството на Халкбанк?
Пристап до своите сметки 24/7. Во било кое време може да пристапите до сите сметки кои ги имате во банката, да ја проверите состојбата, увид во кредитните картички, депозити, кредити или да ги проверите изводите од вашите сметки. Брзо плаќање на режиски трошоци, уплата на сметка на трети лица, како и префрлање на средства од една сметка на друга. Прескокнување на редиците во банките, можност за вршење на уплата во било кое време од денот, од било кое место. Сѐ што ви треба е интернет конекција. Онлајн депозит. Отворете депозит онлајн, со минимален износ од 3000 денари, за само неколку минути.
Мобилното банкарство на Халк е достапно за таблети и мобилни уреди со iOS и Android оперативен систем. Покрај тоа што претставува ваша лична мала филијала на дланка, нуди и дополнителни погодности. Смарт кеш опцијата е достапна за сите корисници на м-банкарство и овозможува повлекување готовина без да ја имате картичката со вас.
Уште една одлична апликација од Халк е апликацијата HalkPay.HalkPayго претвора вашиот смартфон во паричник. Платете на било кој ПОС терминал само со приближување на мобилниот уред. Овие две погодности се особено корисни за оние мајки кои во брзање знаат да го заборават паричникот или картичката дома или пак имаат потреба од слободна рака за работите на бебето.
Брзиот, лесен и едноставен пристап до вашите средства и ефикасното завршување на обврските околу плаќањето ви овозможуваат да заштедите време за своите најмили.