Бугарската пејачка Дара Екимова и Искрен Тончев-Искрата со нов хит сингл го освојуваат Балканот
Ретро автомобил, величенствена локација, стилски изглед и луксуз како во холивуски блокбастер се најзначајните моменти од новата песна на Дара Екимова и Искрен Тончев - Искрата
Креаторите на апсолутниот хит од претходното лето- „Sagapao“, повторно се обединија, овој пат за да остварат дуетска
соработка. Возвишената сцена, која изведувачите ја споделија на социјалните
медуми го наговести холивудското сиже за „Apology“. Музиката на песната е дело на хит-мејкерот Искрен Тончев-Искрата,
а текстот е резултат од заедничката соработка со Дара Екимова. Идејата за
визуелната реализација на „Apology“
е на талентираниот режисер Бојко Штонов кој досега има соработувано со ѕвезди
од рангот на Михаела Филева, Графа и Рут Колева. Зад камерата стои Калојан Игнатов.
Тимот одбива да ја открие локацијата на која е снимен спотот. Дека локацијата е
најстрого чувана тајна, говори и фактот што сите учесници потпишале декларација
за доверливост. Голем број на лајфстрајл магазини го опишаа видеото како
модерен приказ на естетиката од филмовите на италијанскиот режисер Паоло
Сорентино, познат кај публиката по „La
Grande Belleza“, култниот серијал „The Young Pope“ и неговото продолжение „The New Pope“, проткаено со автентичноста и раскошот од „The
Great Gatsby“.
Специјално за потребите на спотот пристигна неповторливото ретро возило Pontiac Firebird модел од 1970 година. Моќното возило од 300 коњски сили, пристигна во Бугарија во 2015 година, а четири години беа потребни за негова целосна рестарвација.
“Автомобилот предизвика вистинска сензација. Сеите сакаа да се сликат со него” открија изведувачите и додаваат: “Сетот на кој снимавме беше огромен, па неопходно беше да ја вклучиме локацијата на нашите паметни часовници за да се пронајдеме. Баш како во „Apology“, двајца млади се бараат еден со друг, за повторно да ја откријат љубовта.”
“Понекогаш најтешкиот збор за изговарање во врската помеѓу двајца луѓе е зборот ‘Извини’. Ја направивме оваа песна за да покажеме дека во љубовта не се потребни извинувања. Страста и возбудата се доволни за двајца заљубени да го пронајдат патот еден кон друг, наспроти болката и страдањето” додаваат Дара и Искрата.
„Apology“ веќе беше промовиран на YouTube каналот на Дара Екимова.Овој проект е реализиран благодарение на Garmin Бугарија.
Дара Екимова и Искрен Тончев- Искрата ја снимија песната „Apology“ на почетокот на месец јуни. Финалната реализација на проектот се случи месец подоцна, поради состојбата со епидемијата.