Букет на неделата: Доминантен кралски Крин и величенствен Антуриум

Оваа недела ви претставуваме нова раскошна цветна приказна. Овој букет е цветна игра на доминантниот кралски Крин и величенствениот Антуриум. 

Кралскиот Крин со неговиот извонреден и интензивен мирис и неговата бујна раскош несомнено доминира во оваа цветна приказна. Тој, на само едно стебло секогаш има пет, па дури и повеќе цветови. Наспроти него, моќниот Антуриум, кој со само еден цвет во интензивна црвена боја го дава печатот во овој прекрасен цветен колорит, истовремено додавајки му егзотичен шарм на овој букет. Герберот, орхидеите и другите безброј, ситни цветни додатоци, имаат задача само да ја разнежнат, оплеменат и смират оваа моќна цветна игра. 

Имајте цветни мисли и подарете со љубов. Нарачајте online, посетете ја нашата Facebook страница, или дојдете кај нас, во Цветна галерија Сончевина.