Бургунди: Подгответе се за новата, омилена боја на есента! ФОТО

Добивај вести на Viber

Топлата боја на виното отсекогаш била меѓу омилените за креирање на есенски аутфити, но се чини дека никогаш не била толку популарна како оваа сезона. Речиси и да нема моден предмет или моден детаљ што не можете да го најдете во оваа нијанса во моментов, а доколку сакате да ги следите трендовите сега е време да одите на шопинг.


Оваа нијанса е особено практична затоа што одлично оди со речиси сите тонови, што значи дека облеката или додатоците во оваа боја можете лесно да ги усогласите со остатокот од вашата гардероба. Посебно е интересно ако го комбинирате со сива, тегет или кралско сина...


Сепак, имајте на ум дека оваа сезона сè е дозволено кога станува збор за оваа тренди нијанса, па што и да правите, тешко дека ќе погрешите.

Без разлика дали ќе изберете бордо комбинација од глава до пети или едноставно изберете чанта или накит во оваа нијанса, нема да останете незабележани. Едноставно е, со оваа есенска боја секој аутфит станува посебен...


Погледнете ги комбинациите кои ги најдовме за вас и инспирирајте се...

View this post on Instagram

A post shared by Hollie  (@holliemina1)





FOTO: Instagram printscreen