Цел свет чекаше да ја види оваа венчавка: Еден од најбогатите луѓе го ожени синот, а сите гледаа во венчаницата на невестата
Раскошната венчавка го привлече вниманието на целиот свет и
се одржа во градината на кралската палата во Аман на истото место каде се
венчаа таткото и дедото на младоженецот.
Раскошната венчавка на јорданскиот престолонаследник, принцот Хусеин (28) и Раџава Калед бин Сеиф (29) се одржа вчера, 01 јуни во прекрасната градина на палатата Захран во Аман, Јордан. Принцот Хусеин, како најстар син на кралот Абдула Втори и кралицата Ранија, ја пронашол својата сродна душа во Раџва, која веќе го освоила срцето на кралицата и воспоставила блиски односи со семејството, а сите коментираа дека таа изгледала неверојатно во венчавката.
Самата церемонија беше импресивна, со 140 избрани гости присутни на истото место каде што некогаш се венчаа таткото и дедото на Хусеин. На приемот се очекуваа вкупно 1.700 гости, за кои е подготвено традиционално јорданско јадење - јагнешко месо варено во сос од јогурт. Тој специјалитет ќе биде поделен на свечена вечера за повеќе од 4.000 Јорданци.
Jordan’s Crown Prince Al Hussein and his bride Rajwa Al Saif exchange rings during the wedding ceremony. #RoyalWedding #CelebratingAlHusseinhttps://t.co/dZg5RIfRNg pic.twitter.com/qXg4QXD813
— Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) June 1, 2023
На венчавката присуствуваа бројни високи државни функционери и претставници на кралските семејства, но меѓу нив посебно внимание привлече британското кралско семејство. Принцот Вилијам, британскиот престолонаследник и неговата сопруга Кејт Мидлтон пристигнаа на венчавката и беа во центарот на вниманието. Кејт изгледаше прекрасно во прекрасен фустан во боја на пудра розе и срдечно ги поздрави кралицата и кралот.
Се вели дека Кејт развила блиски односи со кралицата Ранија, сопругата на јорданскиот крал, додека Вилијам претходно бил во пријателски односи со принцот Хусеин, престолонаследникот на Јордан. Нивното пријателство датира од минатата година кога принцот Вилијам го посети Блискиот Исток, а јорданскиот принц срдечно го угости во неговата палата.
Оваа средба меѓу британското кралско семејство и јорданскиот престолонаследник има важност и симболично значење, бидејќи дополнително ги зајакнува врските меѓу двете кралски семејства и ги продлабочува меѓународните односи. Нивното присуство на свадбата секако додаде посебен сјај на овој важен настан.
Кралицата Ранија, која е позната по својот беспрекорен стил, за венчавката на својот син избрала долг сив фустан, со раскошен грб од тантела и ракави кои ја истакнуваат нејзината витка фигура, додека кралот Абдула носел елегантен сив костум.
Рајва по професија е архитект. Таа е родена во Саудиска Арабија, а дипломирала на Универзитетот Сиракуза во Њујорк. После тоа, таа работеше во архитектонска фирма во Лос Анџелес. Нејзиниот татко е основач на една од најголемите инженерски фирми во Саудиска Арабија, додека нејзината мајка е роднина на саудискиот крал Салман.
За да биде со Хусеин, таа се преселила во Аман. Хусеин е најстарото од четирите деца на кралот Абдула Втори и кралицата Ранија. Дипломирал на престижниот универзитет Џорџтаун во Вашингтон и служел во јорданските вооружени сили. Тој влезе во историјата како најмлад претседавач со Советот за безбедност на ОН во 2015 година, кога имаше само 20 години.
Фото и Видео: Youtube/Твитер