Цел свет ја гледаше убавата ќерка на Бајден, која зад насмевката крие тешко минато: Нејзиниот украден дневник откри страшни детали од детството
Пред неколку дена пред учесниците на Демократската национална конвенција во Чикаго се обрати претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден. Неговиот говор официјално го објави неговата ќерка Ешли Бајден, која воодушеви многумина со својата убавина и стајлинг.
Ешли Бајден му се обрати на својот татко со емотивни зборови, а кога тој излезе на сцената, емоциите го совладаа, се расплака и ја прегрна својата сакана.
„Мојот татко, вашиот 46-ти претседател – Џо Бајден“, со овие зборови Ешли го најави својот татко.
Ешли одлучила да облече бел костум составен од долги панталони кои се шират во долниот дел на нозете и струкирано палто која ја истакнуваше нејзината витка фигура.
Сето тоа го зачинила со кремови виоски потпетици, накит и суптилна шминка која ја истакна нејзината убавина.
Која е Ешли Бајден?
Ќерката на Џил и Џо Бајден, Ешли Бајден има 43 години, а јавноста во Америка, но и ширум светот ја запозна кога нејзиниот татко беше потпретседател на САД, во администрацијата на Барак Обама.
Родена десет години пред Џо Бајден првпат да се кандидира за претседател, Ешли порасна опкружена со политика и под будното око на нејзините браќа Хантер и Бо, кои починаа од рак во 2015 година. Хантер и Бо се синовите на Бајден со Нил, која загина во сообраќајна несреќа во 1972 година заедно со нивната ќерка Наоми.
Ешли е социјален работник, филантроп, активист и моден дизајнер.
„Татко ми е јавен службеник до крајот на својот живот, мајка ми е учителка во државно училиште, тоа е во мојата ДНК“, рече таа еднаш.
Мажена е за пластичен хирург 14 години постар од неа, нејзиниот живот бил прилично турбулентен, особено ако се земе предвид дека била уапсена поради поседување дрога.
По завршувањето на средното училиште, Ешли се преселила во Луизијана на Универзитетот Тулејн, а потоа магистрирала на Универзитетот во Пенсилванија.
Како студентка била уапсена поради поседување марихуана, но не била осудена. Извештаите за нејзиното апсење се појавија во 2009 година кога еден нејзин „пријател“ се обиде да им продаде снимка на медиумите на која наводно се гледа како Ешли зема кокаин на забава. Џо Бајден не ги коментираше извештаите.
Во 2002 година, Ешли беше уапсена поради попречување на полицијата пред бар во Чикаго. Ешли, која тогаш имала 21 година, била со група луѓе пред бар кога некој фрлил шише кон полицаец. Кога полицијата тргнала да уапси еден од нив, Ешли наводно им го попречил патот и им се заканувала. Обвиненијата подоцна беа отфрлени и таа се извини на суд.
Потоа, таа се држела настрана од медиумите и се фокусирала на кариерата како социјален работник, а лансирала и хуманитарна модна линија која ја посвети на својот брат.
Дневник за афери
Пред неколку години, дневникот на Ешли беше украден, а нејзините лични податоци станаа јавни. Жената која го украла дневникот е осудена на затворска казна, а со тоа е потврдено дека дневникот е автентичен, и дека се што стигнало до медиумите е вистина.
„Мојот личен приватен дневник беше украден и продаден за профит... Засекогаш ќе морам да се справувам со фактот дека мојот личен дневник може да се види на интернет“, напиша таа во писмото до судот.
Дневникот е од 2019 година, кога Ешли одела на рехабилитација од дрога и алкохол, а пишувала и за своите трауматски искуства.
Се наведува и дека пишувало дека Ешли се туширала со својот татко на возраст кога тоа не било соодветно.
Ешли во својот дневник ги навела причините поради кои мисли дека е зависна од интимни врски, а признала и дека се лекувала од „сексуална траума“. Во еден пасус, таа пишува дека нејзината „хиперсексуализација“ од детството се проширила на „прекумерна употреба на вагината поради слушање на нејзините родители додека имале секс“, пренесува Дејли Мејл.
Најпрвин медиумите ја оспоруваа автентичноста на
дневникот и се беше опишано како местенка, но судската одлука покажува дека
дневникот е реален.
Фото: Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs