Целиот негов свет се вртеше само околу неа: Почетокот на љубовната приказна на Карлеуша и Душко Тошиќ беше како филм

Љубовната приказна на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ започна далечната 2006 година.

Моментално сите регионални медиуми пишуваат за драмата на Јелена Карлеуша, а многумина не паметат како започнала нивната романса.

За љубовта на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, тогаш млад српски репрезентативец и француски фудбалер на Сошо, дознавме во август 2006 година, кога беше објавено дека се среќно вљубени.

View this post on Instagram

A post shared by KARLEUŠ X TOŠIC-FAN PAGE (@porodica.tosic)



Само еден месец откако ја прекина осуммесечната врска со белградскиот бизнисмен Владан Мариќ, Јелена Карлеуша падна на шармот на Душко Тошиќ, се пишуваше тогаш и дека фудбалерот „со денови флертува со Јелена и ја повикува да прифати вечера со него, праќајќи ѝ СМС пораки и цвеќиња на прагот од нејзината куќа на Бежанијска коса“.

Веќе на самиот почеток на врската, парот секој слободен момент го поминуваше заедно, а Јелена често престојуваше во Монбелијар, Франција, каде што тогаш живееше Душко.

Згора на тоа, пејачката од ВИП ложата беше видена како гледа натпревар во придружба на тогашниот клуб на Тошиќ, а се пишуваше и дека Душко бил толку заљубен што во една прилика со приватен авион долетал за Белград само да се види со својата девојка и веднаш се вратил во Франција.

View this post on Instagram

A post shared by KARLEUŠ X TOŠIC-FAN PAGE (@porodica.tosic)



Самата Јелена подоцна призна дека Душко е тој што ја иницирал нивната приказна.

„Обично јас бев таа што ги бираше мажите, но кога се работеше за Душко, тој ме избра мене и не се откажуваше. Јас сум некој кој на прва е одбивен, агресивен, а на прсти се бројат мажите кои можат да преминат преку таквиот мој став“, изјави еднаш Ј.К.

Душко не се откажуваше лесно, а секогаш и беше огромна поддршка.

„Беше многу упорен. Прво „згрешив“ со него, а потоа му ја проверив возраста на Гугл. Тогаш имаше 21 година и му реков: „Дечко, сега ќе мора да се омажиш за мене, бидејќи оваа брука мора да се оправда“.

Шегата на страна, имав среќа покрај себе да имам добар и квалитетен маж кој не ми се мешаше и не ме предомислуваше во ова мое лудило - бркање правда“, изјави Јелена.

Две години подоцна, тие се венчаа, а набргу потоа пристигнаа и нивните ќерки Атина и Ника.



Заедно поминаа низ многу предизвици, и покрај се останаа заедно. Јелена, која во никој случај не е обична, во една прилика призна дека и таа, како и сите други жени, се трудела бракот да опстане.

„Петнаесет години се борам за зачувување на бракот. Мислам дека секогаш жените се тие кои повеќе се залагаат за таа институција, и бракот и семејствата. Ние сме такви животни“, изјави неодамна пејачката.

View this post on Instagram

A post shared by KARLEUŠ X TOŠIC-FAN PAGE (@porodica.tosic)



Сепак, на бракот му дојде крај. И Карлеуша и Тошиќ нема да се огласуваат повеќе од она што официјално го кажаа.

„Ова е најлошиот ден во мојот живот“: Јелена Карлеуша боса и заглавена во поплавата, нејзиниот џип потопен (ВИДЕО)