Центар за перфекција во „Аџибадем Систина“: Комбинација на липосукција и липофилинг за совршен изглед

Добивај вести на Viber

Најчестите естетски корекции на кои се подложуваат припадничките на понежниот пол, а во последно време и мажите се липофилингот и липосукцијата, кои и во време на пандемија со Ковид-19 продолжуваат да бидат барани и не претставуваат никаков дополнителен ризик. Специјалистите по пластична и реконструктивна хирургија од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ појаснуваат дека липосукцијата е процедура на обликување на телото и екстракција на вишокот поткожно масно ткиво на одредени делови од телото. Оваа процедура се нарекува body conturing во англиската литература, бидејќи не значи слабеење или намалување на тежината туку само оформување на одредени регии за постигнување подобра фигура. Нема ограничување на возраста кога може да се прави оваа процедура. Естетскиот зафат се изведува на Одделот за естетска, пластична и реконструктивна хирургија, кој е дел од Центарот за перфекција во локална потенцирана или општа анестезија, зависно од тоа, колку регии се третираат.

„Процедурата почнува со маркирање на телесните регии. Најчесто започнувајќи од главата, се третираатподбрадокот па налактите. Со липосукција се третира и гинекомастија кај мажи доколку има индикација за тоа и гинекомастијата е повеќе настаната од таложење масно ткиво отколку на хипертрофирана жлезда. Најчесто се третира абдоминалната регија, како и лумбалната билатерална регија или т.н. love handles. Следуваат внатрешните делови на натколениците, исто така надворешните бедрени делови buttoks, како и медијалните делови на колената, предните и задните регии на натколеницата не е препорачливо да се липосуктираат поради ризикот од повреда на некои крвни садови или доколку се прави тоа, да е претпазливо и ограничено“, препорачуваат специјалистите од Одделот за пластична и реконструктивна хирургија. 

Д-р Џонов појаснува и дека со липосукција можеме да го оформиме и задникот, а во комбинација со липофилинг да го зголемиме. Липосукцијата во деловите на  потколениците и на натколниците е ограничена, поради изложеноста на одредени крвни садови во овие делови од телото.

„По анестезијата следува инфилтрација на региите кои ќе бидат третирани со раствор кој овозможува намалување на крвавењето, аналгезија и разбивање на масните капки. Се прават сосема мали отвори од 2-3 mm за да може да влезе канилата кои подоцна се сосем невидливи, така што нема опасност од јавување на поголеми лузни. Следи сукција на масното ткиво, мора да се нагласи дека максималната количина што може да се извади е од 4,5 до 5 килограми, се повеќее контраиндицирано и значи дека пациентот може да има здравствени проблеми и се зголемува можноста од компликации“, велат тие.

Постоперативно региите треба да се бандажирани со стегачи и завои и се дава антибиотска и антикоагулантна терапија. Многу е важно по 3 до 4 дена од интервенцијата пациентот да се мобилизира, да се раздвижува,  а се  препорачуваат и дренажни масажи. Важно е првите 5-6 дена да се прима антикоагулантна терапија за да се превенира емболија на крвните садови со масни капки, како една од најголемите компликации при изведување на оваа интервенција. Како кај секој хируршки зафат и овој има компликации, а работата на хирургот, како што потенцира д-р Џонов,  е да се сведат на минимум или да се превенираат. Тука спаѓаат хематоми и отоци, инфекции, кои се многу ретки, нарушување на циркулацијата на кожата и веќе спомената масна емболија. 

„Ние со нашиот третман ги сведуваме на минимум и ги превенираме компликациите до тој степен што оваа интервенција ја правиме безбедна. Секако болницата ‘Аџибадем Систина’ располага со сите потребни инструменти и апарати за изведување на една ваква интервенција“, додаваат докторите.

Кога се разговара за липосукција како метода мора да го споменеме и липофилингот, затоа што овие две процедури се тесно поврзани, додава тој. Тоа е процедура на трансплантирање на масно ткиво од една регија од човечкото тело на друга.

„Оваа процедура служи за пополнување на депресии на кожата кај разни патолошки состојби, естетска корекција на асиметрии на лицето, аугментација (зголемување) на усни, корекција на обликот на градите по реконструкција или аугментација, корекција или зголемување на задникот, корекција или зголемување на кој било дел од телото, секако во ограничени количини“.

Почетната процедура е како кај липосукцијата со тоа што екстрахираното масно ткиво се задржува во специјални контејнери, од кои потоа се вади и во стерилни услови се третира, декантира, чисти од крвните елементи или центрифугира зависно од процедурата и регијата каде што се нанесува.

„Подготвениот материјал се става во специјални шприцови и со инфилтрациски игли се аплицира во поткожието со цел да се добие посакуваниот резултат и облик на регијата. Секогаш се прави over expansion,односно се става повеќе материјал од што е потребно, за кога ќе спадне отокот и се ресорбира дел од материјалот да имаме допадлив естетски резултат. Најчесто по првото вбризгување се ресорбира/намалува количината на местото за 30 проценти и затоа по првиот месец можно е да треба да се надополни таа количина на регијата. Компликациите се исти како кај хируршки третман со липосукција и ние се трудиме со нашите процедури да ги сведеме на минимум“, појаснуваат реконструктивните хирурзи и додаваат дека „Аџибадем Систина“ располага со целата потребна апаратура и потрошни материјали за изведување и на оваа интервенција.

Постоперативниот третман е ист во однос на терапија, мобилизација и хигиено-диететски режим како кај липосукцијата на донорската регија, со тоа што третирано место не треба да се подложува на какви било масажи и апликација на лекарства и креми за ресорпција. Липофилигот е сигурна метода, која овозможува третман со сопствено ткиво, без употреба на вештачки материјали.