Чај кој ја лекува кашлицата преку ноќ: Само неколку ливчиња од оваа билка и ќе бидете како нови

Добивај вести на Viber

Дали некогаш сте се запрашале зошто ловоровиот лист се „става“ во практично сите јадења - и поради неговата неверојатна лековита моќ

Верувале или не, чајот од ловоров лист ќе ви помогне за момент да ја смирите кашлицата, а доколку неговиот јак и горчлив вкус ви е претежок, само фокусирајте се на неговите благодети и малку полесно ќе го пиете.

Свежите листови содржат витамини А, Ц, како и витамини како Б комплекс, а присутните минерали се калциум, манган, железо, селен, цинк и магнезиум.

Поради сето ова, чајот од ловоров лист е одличен „лек“ за секоја кашлица, а по само една шолја веднаш ќе ја почувствувате разликата.

Ако аромата е премногу силна, а вкусот е премногу горчлив, сосема е во ред да додадете една лажичка мед и евентуално да исцедите малку свежо исечкан лимон. Само знајте дека најважно е да го пиете овој напиток додека е уште топол!

Потребно е: 

-2,5 децилитри вода, 4 ловорови листови и по желба лажичка мед и половина лимон.

Подготовка:

Листовите ставете ги во тенџере со ладна вода и оставете да се варат. Оставете ја водата со ловоровиот лист да врие пет минути, а потоа оставете го да отстои 10 минути. Се процедува и се додаваат состојките по желба.