Чанта како на нашите баби: Четири необични модни комбинации за оваа година
Интересни модни креации и детали ќе се носат оваа година, предвидуваат модните критичри. Четири од нив се издвојуваат како највпечатливи.
1. Чанта од бамбус
Плетените торби, слични како оние што ги носеле нашите баби на пазар, добиваат софистицирана варијанта, од бамбус. Можеби ова не е најпрактичната женска чанта на светот, но сигурно дека е неодолива. Најдобро се вклопува со романтичниот моден стил па се очекува да дојде до израз на пролет, со лелеав фустан.
2. Змиски дезен
Ова е сигурно дека ќе им се допадне на сите љубители на анимал принтот. Особен акцент ќе се стави на змискиот дезен, па ако немате таква облека или детали во својот плакар, сега е шанса тоа да го исправите, и да се подготвите за следната сезона.
3. Бермуди
Уште еден убав тренд кој им се допадна на жените. Не мора да ги чекаме топлите денови за да ги вклопиме со различни комбинации. Женските бермуди, кои се имитација на куса варијанта на женските костуми, и тоа како одлично ќе изгледаат со чизми или со тенки, елегантни хулахопки, во комбинација со салонки. Ако сакате полежерен стил, изберете обична маица или некое поголемо палто.
4. Овални очила
Овалните очила за сонце се новиот моден хит. Секако, не се сомневаме дека ќе ги изберете оние кои најдобро прилегаат на изборот на вашето лице, но ретро моделот на познатите „ленонки“ со наједноставна, класична рамка и со тенки стакла се идеални ако сакате да изгледате градски и модерно.