ЧАША ПОЛНА ЕНЕРГИЈА: Зелен пијалок за борба против пролетен замор
Често зевање, летаргија, брз замор - ова се само некои од симптомите кои ги доживуваме помеѓу зимата и пролетта.
Оваа состојба е позната како пролетен замор, па ако сакате брзо да го подигнете нивото на енергија и да го подобрите своето здравје, пробајте го овој одличен рецепт!
Оваа напивка брзо ќе ви ја врати енергијата и содржи многу витамини.
Состојки:
200 мл вода
4 големи листови блитва
нарендан морков со средна големина
1 исцеден портокал
лажичка мед
две лажики сок од лимон
една лажичка куркума
малку изрендано цвекло
малку изрендан ѓумбир
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер или соковник и добро измиксајте ги додека не добиете хомогена течност. Доколку смесата е густа додајте уште малку вода.
Уживајте во енергична бомба која ќе ви пружи доволно добро здравје.