Часовник на неделата: Tissot T-My Lady за силни жени кои сакаат да се сакани и поседуваат нескротлива моќ

Добивај вести на Viber

За силни жени, кои сакаат да се сакани, за жени кои живеат храбро и кои поседуваат нескротлива моќ.

Колекцијата Tissot T-My Lady ја обезбедува визијата за жената. Таа е уверена во својот животен избор, посветена на возбудлив, свесен живот и сака да извлече максимум од сè. Аспиративна и силна, софистицирана,таа крстари меѓу својот дом, канцеларијата, ноќните излегувања и активниот секојдневен живот, исто како Tissot T-My Lady.

Tissot T-My Lady не е само женски часовник. Неговиот концепт, дизајн и основната цел го прават идеален часовник за оние жени - елегантни, софистицирани деловни жени - кои веруваат дека часовникот треба да го издржи тестот на времето. На дамите ќе им се допадне димензијата од 29 mm, што го прави идеален за секојдневно носење.

Елегантните жени ќе им се восхитуваат на дијамантите на безелот кај автоматик верзијата, кои даваат длабочина, карактер и топлина на колекцијата Т-Lady.

Софистицираните жени ќе го обожаваат неговото механичко движење со само-навивање кое е регулирано со спирала на Nivachron со исклучителни антимагнетни својства.

Основната структура на часовникот изработена од челично куќиште и ремче, автоматик или кварцен механизам и пред сè деталите за завршна обработка, сведочат за искуството и грижата што се користеа во создавање на оваа колекција.

Ова безвременско парче со челично ремче за активни жени, може да добие сосема поинаков изглед со заменливото кожено ремче кое доаѓа дополнително со овој часовник.

Неговата дискретна префинетост ги исполнува барањата за најразчични прилики, како совршен спој со фармерки, костум или мал црн фустан.

Часовникот ќе го пронајдете во продавниците на Божиновски, или он лајн на нивната веб страна.
За повеќе детали кликнете на секоја од фотографиите.

Доколку сте љубител на повпечатливи часовници, погледнете го иконскиот „Constellation OMEGA“, кој е сѐ што ѝ треба на една жена.
Погледнете го и уникатниот HATE 2 LOVE на „SWATCH“, кој претставува вистински ролеркостер од емоции.